недела , 22 октомври 2017
zaev4

Премиерот Заев се сретна со бизнисмени од македонската дијаспора

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за дијаспра, Едмонд Адеми во Њујорк, се сретна со претседателот на групата МК 2025, Роберт Арсов, познатиот бизнисмен од дијаспората, Џон Битов, како и повеќемина други претставници на оваа група успешни претприемачи и извршни директори на светски бизниси.

Претставниците на групата МК 2025 изразија поддршка на реформските политики на Владата во кои што гледаат реална можност за вклучување и придонес на дијаспората за развој на економијата во Македонија.

На средбата стана збор за конкретни начини за поддршка во бизнис проекти, како и проекти од областа на образованието и иновациите, во кои што претставниците на групата МК 2025 изразија подготвеност да учествуваат преку финансиска и експертска поддршка.

Се разговараше подетално за формите за развивање образовни проекти за инвестирање во кадри кои имаат креативен потенцијал. Исто така, се разгледува можноста за формирање еден вид технолошки парк, каде што ќе се обрне внимание на иновативните идеи при поддршката за развој на бизниси. Договорен е Самит во Република Македонија, со групата МК 2025, на кој што се очекува да присуствуваат претставници на светски компании, со цел размена на искуства и поттикнување инвестиции, како и отворање можност за соработка на домашните бизнисмени со бизнисмените од странство.

– Владата на Република Македонија се отвори кон сите кои можат да придонесат кон економски напредок на државата. Дијаспората и конретно активирањето на претставниците на групата МК 2025 во Македонија, ќе значи силен импулс за нови инвестиции во државата, а посебно што станува збор за почитувани и успешни бизнисмени на светско ниво.

Спроведуваме реформи што го трасират патот на Македонија кон ЕУ и НАТО, развиваме добрососедски односи и успешна регионална соработка, но дијаспората може, и подаваме рака, комплетно да се вклучи во овие важни процеси што носат квалитетен живот на граѓаните и перспективите на државата, рече премиерот Заев на средбата со групата Македонија 2025 во Њујорк.

Во меѓувреме се остваруваат средби со претставници на познати светски компании, како вчерашната, со првите луѓе на Google Jigsaw, со дијаспората, а денеска по локално време се предвидени првите конкретни активности поврзани со 72-то генерално собрание на Обеднитетите нации во Њујорк

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …