недела , 22 октомври 2017
zaev soopstenie

Премиерот Зоран Заев најави нов пакет мерки за привлекување странски инвестиции

Континуирано подобрување на условите за странските инвеститори во земјава најави  премиерот Зоран Заев на денешната средба со германските инвеститори, членки на Македонско-германското стопанско здружение.

– Продолжуваме да ви служиме во надминување на сите проблеми. Сметајте на нашата поддршка за секоја ваша идеја тука сме да ја охрабриме. Ако не се најде решение во прв чекор, сигурно ќе се најде во втор -рече премиерот Заев.

Тој ,рече дека веќе утре ќе биде објавен новиот пакет мерки за привлекување странски инвестиции кои ќе биде наменет за нови инвеститори, но ќе се однесува и за старите. Измените во новиот пакет ќе бидат во насока на поголемо стимулирање на компаниите што повеќе вложуваат во развојот. Тоа ќе се контролира од завршната сметка.

Заев ги повика странските инвеститори во наредниов период да помогнат во изнаоѓање решенија за да можат од почетокот на идната година да почнат да се применуваат новите мерки.

Појасни дека стимулација ќе има и за зголемување на извозот на компаниите и вети дека на секакви начини ќе се бара решение за намалување на административните бариери.

Претставникот на Германската стопанска комора Патрик Мартенс нагласи дека Комората во наредниот период ќе биде фокусирана на подобрување на стручното образование во земјава и додаде дека наскоро во Македонија ќе дојдат инструктори кои ќе вршат обука во претпријатијата со цел да се создаде стручна работна сила.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …