среда , 18 октомври 2017
prestrelka

Престрелка во кумановско Лопате

prestrelka
Вечерва неколку минути после 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили.

Според неофицијална информација во престрелката има и повредени, а пукањето било помеѓу лица од Отља и Липково, кои имале недоразбирање од порано. Поради вооружената пресметка блокиран е патот кон Липково, а на лице место заминалe возила со специјалци. Просторот го надлетуваат и хелихоптери.

Извор: КумановоЊуз

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.