вторник , 24 октомври 2017
rover-boskovski-670x320

Пресудата за „Ровер“ според Апелација била нејасна и неразбирлива

rover-boskovski-670x320Апелациониот суд ја укинал пресудата по предметот „Ровер“ од причина што содржела недостатоци, била нејасна и неразбирлива. Дополнително Апелација наведува дека судскиот совет не ги испочитувал напатствијата што му биле дадени од второстепениот суд откако пресудата беше веќе еднаш укината за предметот да биде вратен на повторно судење.

Ова е втор пат како се укинува пресудата на кривичниот суд по овој предмет. Со тоа на десетмината обвинети ќе им се суди по трет пат за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во Скопје, во јули 2001 година.

„Второстепениот суд ги разгледал жалбените наводи на обвинетите и нивните бранители како и на Основното јавно обвинителство Скопје за сторена суштествена повреда и оценил дека наводите се основани со оглед дека обжалената пресуда содржела такви недостатоци поради која не може во целост да се испита во однос на нејзината правосилност и законитост, изреката на пресудата не била доволна јасна и разбирлива, а во образложението не биле содржани доволни причини за решителните факти што второстепениот суд смета дека се од битно влијание за законито одлучување во конкретниот кривичен правен настан во врска со предметното кривично дело и кривичната одговорност од страна на обвинетите“, соопштуваат од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

„Постапувајќи по повторената постапка во предметот кој бил укинат со решение на Апелациониот суд, второстепениот суд дал напаствија кои првостепениот суд требал да ги преземе при повторното постапување, меѓутоа Апелациониот суд во решението наведува дека судот при повторното судење не постапил во целост по дадените напаствија, не ги отстранил констатираните повреди и не ги утврдил решителните факти во повторената првостепена постапка“, додаваат од судот.

Во предметот за случајот „Ровер“ е обвинет и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски кој по второто судење доби 10 години затвор за помагање на убиство. Судскиот совет при Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни.

На почетокот на минатиот месец Апелација донесе решение со кое се укинува притворот на четворица обвинети во случајот и тоа на Зоран Трајковски, Ивица Ристиќ, Сашо Јовановски и Гоце Митревски. Бошковски останува во Идризиво каде ја одлежува 5-годишната затворска казна за случајот познат како „Кампања“ од изборите во 2011 година.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …