понеделник , 21 август 2017
artan-grubi

Претседателот на Комисијата за европски прашања Груби се сретна со словачкиот амбасадор Безак

Новоздадената ситуација во земјава, членството на земјата во евроатланските структури, добрососедството, јазичната еднаквост и реформите беа тема на разговор на денешната средба во Собранието на Република Македонија меѓу претседателот на собраниската комисија за европски прашања Артан Груби и словачкиот амбасадор Мартин Безак.

Амбасадорот Безак, информираат од Комисијата за европски прашања, ги поддржа евроатлантските аспирации на Македонија и изрази заинтересираност за да го помогне нашиот пат кон ЕУ и НАТО.

Груби го известил Безак околу едногласното донесување на Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ, како основ за системските реформи.

Тој ги покани словачките власти да помогнат во отстранување на условувањето на препораката за почеток на преговорите и да го помогнат нашиот пат кон НАТО.

Груби и Безак, исто така, дискутираа и за начинот на меѓусебниот придонес и словачката поддршка за реформите, како и за Законот за јазикот.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …