вторник , 26 септември 2017
Zaev-za-Revolutsioner-3-1-685x320

Претседателот на СДСМ, Заев денес во официјална посета на Израел

zoran-zaev-685x320
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од од вчера вечер ја започна официјалната посета на Израел каде што ќе има средби на највисоко државно – владино ниво, а ќе се сретне и со претставници од бизнис заедницата.

Денеска, во Тел Авив, претседателот Заев ќе има средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, во претседателската резиденција.

По средбата со претседателот на Израел, претседателот на СДСМ, Зоран Заев Заев ќе има состанок со претставници на израелската бизнис заедница.

Во вторник, 13 октомври, претседателот на СДСМ ќе има средби со високи владини претставници на Израел.

Претседателот Заев ќе се сретне со вицепремиерот на Израел, Силван Шалом и со министерот за инфраструктура, енергетика и води, Јувал Стеинц.

Во рамки на официјалната посета на Израел, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе ги посети и светите места во Ерусалим, а е предвидено да даде и интервју за познат израелски медиум.

 

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …