вторник , 26 септември 2017
,,Kiril i Metodij,...,,

Претставата „Кирил и Методиј, Who Are You?“ утревечер премиерно во прилепскиот театар

Plakat_v12 KIRIL I METODIJ
Претставата „Кирил и Методиј, Who Are You?“ по текст на Јордан Плевнеш во режија на Мартин Кочовски, Театарот „Војдан Чернодрински“ – Прилеп утре премиерно ќе ја прикаже на матичната сцена.

Премиерата во Прилеп доаѓа по праизведбата во Охрид, светската премиера во Букурешт и по прикажувањето на „Екс Понто“.

Љубителите на театарот ќе имаат можност да ја проследат претставата која во медиумите во странство е оценета дека има одлична режија, пожртвувана игра на актерите, музика…

– Претставата дава одговори на капиталното прашање: „Кои се, всушност, браќата Кирил и Методиј, заштитниците на Европа?“. Преку една нова естетика направивме одличен проект  – вели режисерот Мартин Кочовски.

Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски (Кирил), Игор Трпче (Методиј), Виолета Чакарова, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Димитрина Мицкоска, Илија Волчески,  Хриса Јоаниду од Националниот театар од Северна Грција,  Марија Ѓаковска од Бугарија и актерот Здравко Стојмиров од Битола.

Костимите се на Елена Иванова од Софија. Музиката е на Горан Трајковски. Сценограф е Јани Константиновски – Пунтус од Краков, Полска.

„Кирил и Методиј, Who Are You?“ театарот “Војдан Чернодрински” ја реализира во продукција на НЕТА (Нова европска театарска асоцијација), Охридско лето, Сфумато театарот од Бугарија, а е подржана од Министерството за култура.

Слични написи

deca2

Како да ги привлечеме младите читатели во библиотеката на тајните?

Како книгата да се приближи до децата, на кои современите технологии и социјалните медиуми постојано …