четврток , 19 октомври 2017
uneskozgrada-540x320

Приемот на Косово не е на дневен ред на УНЕСКО

Приштина досега не поднела официјално барање за прием во УНЕСКО и затоа таа тема не е на дневен ред на седницата на Извршниот совет на УНЕСКО, која почнува денеска, а на која се утврдува дневниот ред за Генералната конференција што ќе се одржи во ноември.

– Бидејќи пленарните седници на УНЕСКО почнуваат в понеделник, шансите тоа да се случи се минимални, потврди српскиот амбасадор при УНЕСКО, Дарко Танасковиќ.

Амбасадорот Танасковиќ вели дека српската делегација ја држи ситуацијата под контрола, но во исто време ништо не остава на случајност и дека ќе биде будна до последен момент.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …