недела , 22 октомври 2017
2015-08-03 16.35.41

ПРИЛЕП ПОД ВОДА: СИЛНИОТ ДОЖД ГО ПАРАЛИЗИРА ЖИВОТОТ ВО ГРАДОТ

2015-08-03 16.36.54

Пишува: Зоран Милошески

Еден пороен дожд беше доволен за да излезе на виделина сета мизерија и очајната состојба во која се наоѓа комплетната инфраструктура во градот под Марковите Кули.

За нешто повеќе од 2 часа, колку што паѓаше силниот дожд, во Прилеп целосно запре нормалното одвивање на градското секојдневие. Поплавени улици, продавници, домови, со часови непреодни и отсечени улици во централното градско подрачје. И за целото тоа време во градот не можеше да се сретне ниту еден единствен претставник на градските власти, на јавните претпријатија, така што граѓаните беа принудени сами да се справуваат со надојдената вода.

2015-08-03 16.53.51

Револтот на граѓаните заради алармантната состојба со градската канализациона мрежа, затнатите шахти и канали кои треба да ја примат атмосферската вода, по којзнае кој пат исплива на површина.

2015-08-03 16.53.14

Дождот на површина го исфрли и проблемот со проблематичниот и според многумина нестручно изграден кружен тек кај бензинската пумпа на „Макпетрол“ во центарот на градот, каде заради брзината на надојдените води, извесно време беше ризично движењето дури и со автомобил.

2015-08-03 16.26.25

Немоќни да го преминат поплавениот кружен тек и поплавената улица, на прилепчани не им остана ништо друго освен да чекаат водената стихија сама да се повлече, а тие за тоа време да „уживаат“ во глетката на трите поплавени палми. Апсолутно романтично!

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …