понеделник , 25 септември 2017
mak-fudbalska-rep

Прилепчанецот Несторовски и Стјепановиќ добија повик од Друловиќ

mak-fudbalska-rep
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Љубинко Друловиќ ги повика напаѓачот на Интер Запрешиќ, Илија Несторовски и фудбалерот од средниот ред на ОФК Београд, Остоја Стјепановиќ.

Двајцата ќе се стават во функција на А репрезентацијата на денешниот прв собир спроти натпреварите со Украина и Белорусија од квалификациите за Европското првенство.

– Никола Глигоров има повреда и се уште не е дефинитивно јасно дали тоа ќе го спречи да ни помогне во подготовките и на натпреварите, но многу веројатно е дека нема да може максимално да се стави на располагање на тимот. Затоа решивме да го повикаме Остоја Стјепановиќ како една квалитетна алтернатива на таа позиција. Од друга страна, Илија Несторовски заслужува шанса да се бори за место во репрезентативниот тим по добрите игри во Хрватска и голгетерската форма. Подготовките започнуваат денеска, се надевам дека од почеток максимално сериозно ќе ја сфатиме задачата и важноста на дуелите и ќе останеме здрави и без проблеми за натпреварите против Украина и Белорусија, изјави селекторот Друловиќ.

Македонската А репрезентација денеска во 18 часот на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ го има првиот тренинг.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …