сабота , 23 септември 2017
zaev prilep 1

Прилепчани до Заев: Со вас сме, светлината што ја носите да ја осветли иднината на Македонија

zaev prilep 1
Добредојдовте претседателе. Во вас овој народ гледа спас. Овие не направија сиромашни, ја запустеа државата. Но, светлината што ја носите ја покрива нивната темнина. Со вас сме, таа светлината што ја носите да ја осветли иднината на Македонија.

Со овие зборови претседателот на СДСМ, Зоран Заев, беше пречекан од граѓаните на Прилеп и прилепско, кој во пресрет на празникот 11 Октомври беше во посета на овој регион.

На средба со повеќе стопанственици од Прилеп, претседателот Заев ја претстави визијата на СДСМ за градење партнерски однос на државата со приватниот сектор, преку мерки за развој на бизнисот и отворање на нови работни места.

-Имаме сериозна анализа и план на кој начин ќе обезбедиме 400 милиони евра за развој на стопанството, бизнисот. Со овој солиден резервоар, преку мерките за градење партнерство со приватниот сектор, ќе отвориме нови и квалитетни работни места. Нашата цел е да го спречиме иселувањето на младите и на работно способните граѓани од земјава, рече Заев.

Клучната забелешка на претставнивите на бизнис заедницата беше дека актуелната власт во заминување нема план за развој на економијата туку мисли само на тоа како да прибере повеќе пари за себе, коишто потоа, на сомнителен начин, завршуваат во приватни џепови.

-Парите ги вложуваат во црни дупки и никогаш не можат да се вратат назад. Овие неповратни инвестиции се фрлени пари. Очигледно намерата е да завршат во приватни џепови, класичен грабеж, рече еден од стопанствениците.

Додека поединци се богатат на сомнителен начин под притисок на власта многу мали и средни фирми се затвораат секој ден. Казни, инспекции, закани, уцени, да се откажат од јавните тендери. Многу човечки судбини се жртви на оваа неодговорна власт.

Двајца сопружници коишто отвориле фирма и успешно работеле до пред 4 години му пријдоа на претседателот Заев. Јавно се заблагодарија за помошта што лично претседателот Зоран Заев им ја пружа сега кога им е најтешко.

-Голема несреќа ни донесе оваа власт. Отворивме фирма со странски грантови и до 2011 година работевме успешно. Ама почнаа да не притискаат, да се откажуваме од тендерите, ни праќаа инспекции, ни пишуваа казни. Немавме работа и ја затворивме фирмата, се пожалија тие.

Откако им ја блокирале сметката овие луѓе 4 години се заглавени во правните лавиринти. Не можат да ја ликвидираат фирмата, со тоа не можат да бараат работа, немаат здравствено осигурување, не можат да го прехранат семејството. Помошта од претседателот Заев им е добредојдена.

-Тука сме да помогнеме. Ќе помагаме секогаш кадешто е потребно. Мораме да ги промениме работите во државата за вакви неправди да не ни се случуваат. Фирмите да бидат ослободени и слободно да работат за да може да се прехрани семејството, порача Заев.

Следуваше средба со тутунарите и производителите на пиперка од прилепско.

Тутунарите се пожалија дека нема откуп и нема достоинствени цени за нивниот род. Производителите на пиперка бараат гарантирана цена и пласман на производите. Му се обратија на претседателот Зоран Заев како на иден премиер, го запрашаа како после април ќе ги реши нивните проблеми.

-Потенцијалот на Македонија е земјоделието и работливите граѓани. Го имаме вистинското решение за проблемите на земјоделците. Субвенции ќе има дури и повеќе. Но, вие сте сведоци дека само субвенции не го решаваат проблемот. Нашиот концепт, нашата визија е планско производство. Ќе обезбедиме пласман и достоинствени цени, рече Заев.

Времето на промените наближува, на 24-ти април промените ќе се случат, порача тој.

Во пресрет на 11 Октомври претседателот Зоран Заев беше со граѓаните на традиционалниот граѓански собир во чест на овој голем државен празник, којшто се одржува во с.Селце, прилепско.

Дворот на манастирот св. Димитрија, кадешто се одржува граѓанскиот собир, беше целсно исполнет со народ. Врнежливото време не е никаква пречка. Аплаузи, прегратки, искрени и емотивни пораки за успех, за подобро утре. Вака граѓаните го пречекаа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, идниот премиер на Република Македонија.

– Оваа слика ми е особено пријатна, кога вака заедно го гледам нашиот народ. Така, сите заедно ќе се избориме за подобра иднина на Република Македонија, рече Заев.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …