среда , 18 октомври 2017
nestorovski-gol-bolonja

Прилепската „машина за голови“,Несторовски ја затресе и мрежата на Болоња

Илија Несторовски ја продолжи импресивната серија на стартот од сезоната во Калчо-лигата, па токму Македонецот го доведе Палермо во водство на гостувањето против Болоња. Тој уште еднаш се најде на вистинско место во вистинско време, па по несебичното додавање на Бруно Енрике ја смести топката во мрежата.

Ова беше седми гол на Илија Несторовски во Серија А сезонава, а пред Болоња македонскиот голгетер ги затресе и мрежите на Кротоне, Аталанта, Сампдорија, Удинезе, Калјари и на Милан.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …