вторник , 24 октомври 2017
foto 5

Прилепскиот театар со светска премиера во Букурешт со претсавата: ,,Кирил и Методиј, who are you,,

foto 5
Претстава “Кирил и Методиј, who are you,, по текст на Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски, на Теaтарот,,Војдан Чернодрински,,  на втори септември од 20 часот ќе ја има светската премиера во Националниот театар во Букурешт на Нета фестивалот. Ова гостување во Букурешт доаѓа по праизведбата на годинашното издание на ,,Охридско лето,, каде претставата беше оценета дека има одлична режија, пожртвувана игра на актерите, музика во која ќе ужува и романската публика.

“Кирил и Методиј,…,, театарот “Војдан Чернодрински” ја реализира со продукцијата НЕТА (Нова европска театарска асоцијација), Љубљана и Сфумато театарот од Бугарија. Македонското министерство за култура финансиски ја поддржува реализацијата на проектот.

– Ова е вонреден проект и е значаен за репертоарот на театарот – велат од ЦК “Марко Цепенков”.

Претставата ги ползува сите историски и релевантни документи  и дава одговори на капиталното прашање: “Кои се, всушност, браќата Кирил и Методиј, заштитниците на Европа?” и зошто и по 1.100 години, двајцата светители по силината на својот дух и натаму се отворена мистерија за светската и научна јавност, поради нивната филозофија наречена цивилизација на љубовта и носталгија по единството.

Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски од МНТ ( го игра ликот на Кирил), Игор Трпче (Методиј), Виолета Чакарова, Андон Јованоски, Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Димитрина Мицкоска, Илија Волчески,  Хриса Јоаниду од Националниот театар од Северна Грција,  Марија Ѓаковска од Бугарија и актерот Здравко Стојмиров од Битола.

Костимите се на Елена Иванова од Софија. Музиката е на Горан Трајковски. Сценограф е Јани Константиновски – Пунтус од Краков, Полска.

По светската премиера, македонско – словенечко – бугарскиот копродукциски проект, на 20 септември ќе го има второто меѓународно гостување. Претставата ќе биде прикажана  на 20 издание на фестивалот Екс Понто во Љубљана. Прилепскиот театар  на љубљанската публика и е добро познат по неколкуте гостувања на Екс Понто. Еднаш го затвори фестивалот, вториот пат го отвори, а со претставата,,Кавкаскиот круг со креда,, од Брехт, во режија на Мартин Кочовски беше апсолутен победник.

Инаку, претходно на 12 септември ќе го затвори годинашното издание на Фестивалот на камерен театар,,Ристо Шишков,,.

Премиерата на матичната сцена во Прилеп се очекува  во октомври. 

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …