вторник , 24 октомври 2017
IMG_0582-701x438

Примопредавање на функцијата во УЈП, новата директорка вети неселективна борба со неплаќачите на данок

Новата директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, и досегашната, Анастасија Илиеска, денеска извршија примопредавање на должноста.

На средбата се разговарало за тековните проблеми, предизвици на даночната администрација, модернизацијата и даночните реформи.

„Да се биде директор на УЈП е предизвик за секој даночник. Со моето долгогодишно искуство во УЈП, функцијата на прв даночник и да се управува со даночната администрација е голема одговорност, особено ако се земе предвид дека станува збор за институција која истовремено треба да обезбеди праведно и ефикасно собирање на даноците, но и да го сервисира стопанството и да обезбеди висок квалитет на услуги за сите граѓани. Она што би сакала да го потенцирам е дека моето делување и посветеност ќе бидат во насока на понатамошно остварување на мисијата и визијата на Управата, но и кон нов квалитет на даночните реформи засновани на зголемување на транспарентноста, активна и неселективна борба против неплаќачите на данок, поедноставување на постапките за пријавување и плаќање на даноците и секако грижа за моите колеги, односно унапредување на професијата даночник“ – истакна новата директорка на УЈП, Сања Лукаревска.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …