недела , 24 септември 2017
amnesti-540x304

Притворен шефот на Амнести интернешнал во Турција

По судското сослушување претседателот на канцеларијата на „Амнести интернешнал“ во Турција, Танер Калач е притворен, што предизвика остри критики на организациите за заштита на човековите права.

– Затворањето на турскиот претседател е подигрување со судството, изјави истражувачот за Турција на АИ, Ендрју Гарднер во врска со синоќешното сослушување во судот.

Калач беше уапсен оваа недела од антитерористичката полиција при претрес во округот Измир, врз основа на сомнение дека бил поврзан со извршителите на неуспешниот обид за преврат минатата година.

Невладината организација „Хјуман рајтс воч“, чие седиште се наоѓа во Њујорк, исто така го осуди притворањето на Калач.

– Затворањето на шефот на „Амнести Турција“ во очекување на судски процес за членство во терористичка организација повторно го покажува ужасот на турското судство, напиша на Твитер експертот на ХРВ за Турција, Ема Синклер-Веб.

Калач беше еден од 20-те адвокати уапсени во полициската акција во Измир. САД и ЕУ упатија остри критики за неговото апсење.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …