петок , 22 септември 2017
angelov

Приведен еден од насилниците во Собранието, „ќосињата“ на протест

СВР Скопје соопшти дека денеска е приведен велешанецот Горан Ангелов од македонското патриотско здружение „Ќосето“. Тој е осомничен дека го нападнал пратеникот Зијадин Села и други пратеници за време на насилствата во Собранието, минатиот четврток.

Против Ангелов досега не е поднесена кривична пријава, а 20 луѓе се пријавени за „учество во толпа што ќе стори кривично дело“ и „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие“, соопштуваат од МВР.

Ангелов беше регистриран на повеќе видео материјали од 27 април, како директно му се заканува на Зоран Заев, но и на другите пратеници. Тој веднаш по насилниот упад во Собрание и претепувањето на пратениците, преку социјалните мрежи побара амнестија од претседателот Ѓорге Иванов.

Членови на Здружението на македонските патриоти „Ќосето“ протестираа пред полициската станица за да го искажат својот револт за приведувањето на Горан Ангелов, кој е основач на оваа здружение.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …