сабота , 23 септември 2017
alfi

Приведени 12 лица во полициската акција, ОЈО бара мерка притвор

alfi
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапува против 12 лица приведени во денешната полициска акција во Скопје, Куманово и други градови.

Како што соопшти ОЈО, донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која се спроведуваше во текот на ноќта и утринава.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен обвинител предложил до судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка притвор.

– Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овлстување“ кој ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „лихварство“, „изнуда“ и криумчарење мигранти, се наведува во соопштението.

Истрагата во надлежното обвинителство продолжува.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …