среда , 18 октомври 2017
topol_kulturen_bran_foto

Привршува годинашното издание Топол културен бран 2015

topol_kulturen_bran_foto
По повод одбележувањето на празникот на градот, 28 август, во Пробиштип граѓаните ќе можат да го проследат концертот на културно-уметничките друштва од овој град „Злетовски рудар“  и „Весели пензионери“, како и настапот на Културно-уметничкото друштво „Владо Тасевски“ од Скопје. Вечерта, пак, со почеток во 21 часот, на Градскиот плоштад концерт ќе одржи естрадната музичка ѕвезда Калиопи.

Во Лесново е во тек 24. Лесновска ликовна колонија на која учествуваат уметници од: Бугарија, Турција, Словенија, Италија и Македонија. Уметниците имаат можност да сликаат и да творат во амбиентот на манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ и во околината на Лесново. Љубителите на ликовната уметност делата од Лесновскаста ликовна колонија ќе можат да ги видат од 8 септември, кога ќе бидат изложени во холот на Домот на културата во Пробиштип, а потоа и во повеќе градови низ Македонија.

Утревечер на Градскиот плоштад во Берово, со почеток во 20 часот, ќе настапат неколку уметници од домашната, но и од странската музичка сцена, меѓу кои: Линдзи Полак од Австралија, групата „Етно Малеш“, Гоце Стевковски со проектот „Џијан“. Истата вечер, пред беровската публика ќе настапи и поп-пејачот Ламбе Алабаковски, како и хип-хоп групата „Слаткаристика“. На 29 август, пак, на плоштадот во Берово од 20 часот следува музичка програма во чии рамки ќе настапат француските музичари  Малек Кварти и Африкан Битс, а потоа ќе следува настапот на македонската етногрупа „Монистра“. Во 22 часот публиката ќе може да ги проследи хитовите на групата „Ај Кју“, а вечерта ќе се затвори со концертот на македонската поп-пејачка Тамара Тодевска.

Градскиот плоштад во Ресен е местото каде што на 28 август во 22 часот ќе настапи македонската етногрупа „Баклава“.

Истиот ден на Градскиот плоштад во Неготино, во организација на Галерија АРТ-М, во 20.30 часот ќе почне ликовен хепенинг на кој ќе учествуваат млади уметници  – студенти на ликовната академија од Скопје под менторство на академскиот сликар Илија Спасовски–Чендо од Неготино. Во рамките на настанот, учесниците ќе сликаат на големи триметарски паноа, а темите ќе бидат мотивите од родниот град. Изработените уметнички дела ќе бидат поставени во холот на општината Неготино. Настанот ќе биде проследен со  настап на група млади музичари од Неготино.

Слични написи

bela nik

„Бела ноќ“ во Скопје

Годинешново 13. издание на манифестацијата „Бела ноќ“, што  ќе се одржи утре, ќе има квалитетна …