вторник , 26 септември 2017
dojce-banka

Проблеми за германската економија, извозот се намалува, „Дојче банк“ со загуби

dojce-bankaГерманската национална банка предупреди дека во третиот квартал од оваа година ќе забележи загуба од околу шест милијарди евра. Според претходните анализи „Дојче банк“ требаше да оствари околу една милијарда профит во истиот период. Националната Банка на Германија е вториот столб на германската економија кој се соочува со сериозна криза која што ќе влијае на целата економија. Една од мерките што ги најави новиот извршан директор Џон Крајан кој беше назначен во јуни е да се намали или целосно да се избрише годинаѓнава дивиденда за акционерите а се планира и намалување на платите и бонусите за менаџментот.

Вкупната загуба на банката во периодот од јули кога беше избран новиот директор до септември ќе биде 6,2 милијарди евра. Крајан кој што е Британец планира даде отказ на 23.000 вработени за да ги намали трошоците.

Дополнителен проблем за германската економија е намалување на извозот на ниво од август 2009 година. Според информациите објавени од германската Федерална Канцеларија за статистика во август има пад од 5,2 проценти или 97,7 милијарди евра на таканаречениот сезонски прилагоден извоз. Во исто време има пад и на увозот за 3,1 отсто.

Овие информации се загрижувачки и за ЕУ затоа што Германија е главниот фактор од кој зависи растот на Унијата. Најголемата економија во еврозоната пред се се потпира на извозот.

Сепак и покрај проблемите со кои во моментов се соочува земјата институтит ИФО од Франкуфрт предвидува дека економијата на Германија во 2015 година ќе има раст од 1,8 отсто односно 0,2 отсто повеќе од минатата година кога растот беше 1,6 проценти.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …