сабота , 21 октомври 2017
milan

Продадени повеќе од 15.000 влезници за мечот Милан – Шкендија уште во првиот ден

Ждрепката одлучи тетовска Шкендија да одигра двомеч во плеј-офот за Лигата на Европа против еден од најголемите светски клубови, Милан.

Италијанскиот клуб не е на посакуваното ниво во последните неколку години, но ова лето направи драстични измени со помош на кинеските инвеститори. Монтела доби десет нови засилувања, па амбициите пред почетокот на сезоната се искачија на повисоко ниво.

Првиот меч, екипата на Ќатип Османи ќе го игра на легендарниот „Сан Сиро“ на 17 август, а билетите за овој меч беа пуштени во продажба вчера.

Иако, со побавно темпо од претходниот домашен натпревар на Милан против Крајова, уште во првиот ден се продадоа 15.000 билети.

Вчера, исто така, беа пуштени во продажба билетите за реваншот во Скопје една недела подоцна, кои ќе чинат од 400 до 1.000 денари.

Слични написи

iniesta

Иниеста потпиша доживотен договор со Барселона

Андрес Иниеста потпиша уникатен договор со Барселона, кој има доживотна важност. Ова е посебен начин …