понеделник , 21 август 2017
sobraniekamera

Продолжува конститутивната седница во Собрание

Пратениците во македонското Собрание денеска треба да ја продолжат дебатата за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Во досегашната расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа отфрлање на тиранската платформа и предвремени парламентарни избори заедно со локалните како излез од политичката криза, додека од СДСМ сметаат дека не се почитува собранискиот Деловник и оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред. Тие бараат да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието.

Денеска е 20-то продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …