сабота , 23 септември 2017
samit

Продолжува Самитот – Платформа за пренесување знаење од областа на бизнисот, лидерството и иновациите

Самитот – Платформа за пренесување знаење од областа на бизнисот, лидерството и иновациите, што традиционално го организира Македонија 2025 продолжува денеска во Скопје со сесија на тема „Регионална и европска економска интеграција“.

На Самитот, се зборува за поттикнување економски развој, употреба на обновливи извори на енергија, програмата на Европската вселенска агенција, примерот на Израел во поглед на економскиот развој, регионална и европска економска интегрција, иновации што ја редефинираат здравствената нега и давањето услуги во оваа област, иднината на превозот, Македонија како развоен центар за паметни технологии, улогата на жените во развојот на лидерство и одржлива иднина, најновите технологии и нивната улога во промената на светот и многу повеќе.

Самитот почна вчера, а учесниците имаа можност да проследат дискусии за економскиот напредок на Македонија според мерениот индекс составен од Македонија 2025 во соработка со МекКинзи.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …