вторник , 24 октомври 2017
sobranie

Продолжува собраниската седница за разрешување на Марко Зврлевски

Седницата на Собранието на Република Македонија на која треба да се расправа за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, ќе продолжи денеска во 11 часот. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во четвртокот ја прекина оваа седница откако двајца од координаторите побараа пауза и го најави нејзиното продолжение за петокот, но тоа не се одржа.

Денешното продолжение би требало да почне со точката која беше на дневен ред во четвртокот – oдлука за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, по што следува расправата за разрешувањето на Зврлевски.

На дневниот ред се и годишни извештаи на некои агенции, како и предлог-законот за зголемување на породилното отсуство на 18 месеци.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …