сабота , 21 октомври 2017
zvrlevski

Продолжува собраниската седница за разрешување на Зврлевски

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи седницата на која се расправа по барањето на СДСМ државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да биде разрешен од должноста.

Заменик-министерот за правда Оливер Ристовски на почетокот од расправата вчера образложи дека предлогот за разрешување е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

– За жал републичкото Јавно обвинителство од јануари 2013 година па до денес го претставуваше личност која за целиот свој досегашен мандат несовсесно и непрофесионално ја извршуваше својата задача и не го почитуваше доследно законот, рече Ристовски и, меѓу другото, додаде дека наместо да се грижи за човековите права и слободи, го претставувал Јавното обвинителство со молчење и непреземање никакви дејствија против криминалот.

Во своето обраќање пред пратениците Зврлевски вчера рече дека во изминатите четири години работел одговорно и совесно, врз основа на законот, Уставот и правилата во Јавното обвинителство.

– Во јавноста сум познат дека немам врска со политиката и дека сум наречен добар обвинител, така што немам партиски старешини, па со разрешувањето нема да почнат реформите, ниту ќе се врати довербата во судството, правосудството или јавното обвинителство. Останува на вас да оцените, им порача тој на пратениците.

Во дискусијата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ оценија дека целта на барањето на СДСМ за разрешување на Марко Зврлевски е реваншизам на нивниот лидер и премиер Зоран Заев затоа што јавниот обвинител против него ги покренал обвиненијата за предметите Пуч и Поткуп.

Петре Шилегов од СДСМ, пак, истакна дека Зврлевски не успеал да ја сочува Република Македонија од политичарите, бранел криминал и дека неговата неспособност не е само политичка констатација и квалификација од страна на нивната партија, туку таква констатација, рече тој, државата добивала во скоро сите извештаи од релевантни меѓународни институции.

Слични написи

ilija jovanoski glasanje

Јованоски: Повикувам на фер,мирни и демократски избори

Кандидатот за градоначалник Илија Јованоски повика на фер, мирни и демократски избори.