вторник , 24 октомври 2017
Obuka_Strumica_3-701x526

Проектот за медиумска писменост „Информирај се и делувај“ во Свети Николе

дружението „Концепт плус Скопје“ со обуката за медиумска писменост во Свети Николе продолжува со реализација на проектот „Информирај се и делувај“.

Со обуките кои се реализираа до сега во Берово, Прилеп и Струга здружението има за цел ја подигне свеста на граѓаните за важноста на медиумите и важноста од медиумската писменост, како и да се зголеми граѓанскиот активизам меѓу населението во Македонија.

Медиумската писменост станува глобален предизвик бидејќи социјалните мрежи претставуваат сериозен извор на информации кај граѓаните, често непроверени и манипулативни информации доведуваат до непосакувани реакции.

Цел на проектот е преку обуки и работилници да се поттикне граѓански активизам во помалите средини во Македонија преку медиумска писменост т.е. запознавање на јавноста со тоа што се медиуми, како се креира вест, како да се препознае разликата помеѓу реклама, вест и манипулација, како и да се препознае политичка или друг вид  пропаганда и директна граѓанска активност во решавање на предизвиците во тие средини преку активност.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …