вторник , 26 септември 2017
jasminka angelova

Проклети да сте ако биде убиен уште еден полицаец!

Полицајци!!! Како браќа, Ве молам. Бидете крајно внимателни во акцијата! Не сакаме нови курбани што без совест ќе ги положат, за тие да се спасат!!!

Апелирам до сите полицајци на терен!!!

При претересите во село Брест и околината, пред вас нека се движат старешините односно барајте ги организаторите на оваа ново смислена полициска акција… И повторно претрес на куќи за оружје…

Сценариото било направено синоќа во Музејот на ВМРО помеѓу Никола Груевски и Али Ахмети, кој пристигнал со два блиндирани џипа…

Ова е само ново одвлекување на вниманието од преговорите, од договорот во Пржино, од сопките за процесуирањето на Специјалниот обвинител, од новите докази за опремата за прислушкување обезбедени во Израел…

Ве пратиле да апсите соработници и логистичари на криминално-терористичката група од кумановската Дива Населба… За ова не им требаа пет месеци после акцијата… Им требаше ваков погоден момент…за ново црно режимско сценарио…

Ваква акција, ако веќе требаше да се спроведе, ќе ја направеа пред кобните случувања на 09 мај…Информаците течеа во јавноста и за сценариото и за раздвижување на терористичката група среде Куманово и за евентуалните логистичари…

Виновниците барајте ги во кругот на МВР…почнете од неуставниот министер Митко Чавков кој и минатиот пат ви го „смести“ планот за „Диво насеље“, договорен од директорот на УБК, Мијалков и агентот Шинаси од АР… па завршете со Јанкуловска, сменета под притисок од паднатите животи на 8 – на врвни специјалци и паднатата крв на 37- те повредени колеги…

Проклети да сте ако падне уште една жртва, ако биде убиен уште еден полицаец…

Јасминка Ангелова

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …