вторник , 26 септември 2017
rakometna-topka-mreza

Пролет и Вардар Јуниор го отвораат 6. коло од ракометната Супер лига

rakometna-topka-mrezaСо натпреварот меѓу Пролет и Вардар Јуниор што се игра вечерва во салата „Македонско сонце“ во Скопје ќе стартува 6. коло од ракометната Супер лига. Почетокот на натпреварот е во 20 часот.

Дербито на колото се игра утре во Прилеп каде истоимената екипа го пречекува тимот на Работнички. Двете екипи имаат по 12 бода и заедно со лидерот Металург се на делба на првата позиција на табелата. Покрај овој натпревар утре играат уште: Металург 2 – Радовиш и Борец – Охрид.

Последниот дуел од оваа рунда се игра на 28 окотмври во Битола кај Пелистер ќе гостува Металург.

Табела: Металург 12 бода, Прилеп 12, Работнички 12, Охрид 9, Пролет 9, Вардар Јуниор 6, Борец 6, Пелистер 3, Радовиш 3, Металург (2) 0.

Слични написи

elif-elmas-701x495

ФИФА: Фенербахче може да го регистрира Елмаз

ФИФА ја прифати апликацијата што Фенербахче ја поднесе за трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмаз, …