петок , 22 септември 2017
oblacno

Променливо облачно со сончеви периоди

oblacno
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста и во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, повторно долж Повардарјето повремено засилен.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 18 до 23 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачно со услови за појава на краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Зголемената облачност ќе се задржи и во петок. Тогаш ќе има и појава на локален дожд, почест во планинските делови од земјава.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови со услови за повремен слаб дожд, а во недела ќе има и повеќе сончеви периоди.

Од понеделник ќе има ново зголемување на облачноста. Во целиот овој период ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …