вторник , 24 октомври 2017
marihuana-1-540x320

Пронајдени 147 стебла марихуана во Радовиш

marihuana-1-540x320Стебла од растението „Cannabis Sativa“ со глемина од 1,5 до 2,7 метра во фаза на цветање биле пронајдени во ниско стеблеста шума покрај патот меѓу селата Бучим и Кошево, Радовишко.

Како што соопшти МВР на 31 јули оваа година во 17 часот, по претходно добиени сознанија од полициски службеници од Полициската станица Радовиш,  во ниско стеблеста жбунеста шума на површина од околу 50 м2 на ограден простор, заштитени со плетена метална мрежа и покриени со зелена мрежа за заштита против град, биле пронајдени засадени стебла најверојатно од растението „Cannabis Sativa“. Стеблата биле засадени во 16 реда од по околу осум до девет стебла во ред, или вкупно 147 стебла од растението.

Полициските службеници од Радовиш, го известиле Основното јавно обвинителство пришто го документирале со видео запис, а стеблата се искорнати и донесени во ПС Радовиш за понатамошно постапување.

– Полициските службеници со наредба од Судија на предходна постапка извршиле претрес на домот на Г.Е.(27) државјанин на Турција со привремен престој во Македонија, потоа кај С.С.(38) од Радовиш и кај лицето И.С.(33) од Радовиш. По наредба на јавен обвинител лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Радовиш, се наведува во соопштението.

Судија на предходна постапка за Г.Е. донесел решение за определување на мерка на претпазливост, односно да се јавува повремено во полициска станица во Радовиш и тоа на парни денови во месецот до завршување на претходната постапка, додека за останатите две лица донесени се решенија за определување на мерка на претпазливост со привремено одземање на патните исправи за преминување на државната граница, односно определената мерка на претпазливост да трае се до правосилноста на пресудата.

По целосно документирање на настанот против пријавените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …