вторник , 24 октомври 2017
tetovsko-poplavi

Пронајдено телото на малата Рина од Шипковица

tetovsko-poplavi
Утрово е пронајдено телото на пет и пол годишната Рина од Шипковица, која исчезна за време на поплавата минатата недела во Тетовско, потврди СВР Тетово.

– Според првични информации, денеска околу 11 часот и 30 минути полициски екипи во подрум од куќа во соседството ја пронашле пет и пол годишната Рина, која беше исчезната при големото невреме што во понеделникот ја зафати Шипковица и повеќе други места во Тетовско, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Полицијата го обезбедува местото и допрва увид на самото место ќе се изврши од јавен обвинител, екипа на СВР Тетово и лекар по судска медицина.

Рина е шестата жртва во поплавите во тетовско. 

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …