среда , 28 јуни 2017
Мишел Трајковски

ПРОНАЈДИ ГО ЏЕЗОТ ВО СЕБЕ !!!

Мишел Трајковски со новата композиција Сопрано Џез ги истражува граничните подрачја на џезот што го носи нашето опкружување. Од техно и танго сегменти до ориентални напеви и балкански свинг е впиен во чудесната музика интерпретирана од него и врвните музичари – членови на неговиот бенд. Секој човек си има свој џез, секој амбиент, опкружување, населба, град, држава и континент има свои битови, удари, импровизации, флуиди.

Преслушајте ја новата композиција и пишете ни го Вашиот коментар; Како ви звучи, што пронаоѓате во неа, што најмногу Ви се допаѓа а што би промениле?! Публиката е господар на музичарот – музичарот е душата на публиката. Промо видеото е изработено во соработка со БМА БРАДРС. Кликни ПЛЕЈ, направи чудесен чекор, претвори го овој обичен ден во необично духовно патување, пронајди го џезот во себе.

Слични написи

трик 11

Трикови со кои цвеќињата ќе ви цветаат почесто

Многу често цвеќињата страдаат од нередовно наводнување или недоволна нега и дохрана. Но, ако сè …