вторник , 26 септември 2017
denari-paricnik-548x320

Просечната нето плата во август 21.882 денари

denari-paricnik-548x320Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август оваа година изнесувала 21.882 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2015 година, во однос на август 2014 година, изнесува 103.1. Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.9%), Рударство и вадење на камен (7.8%) и Стручни, научни и технички дејности (7.6%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (8.3%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.2%) и Информации и комуникации (4.4%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2015 изнесува 32.164 денари.

Во август 2015 година, 1.2 отсто од вработените не примиле плата.

Слични написи

dragan tevdovski

Македонија ќе добие Стратегија за управување со јавни финансии 2018-2021

Македонија до крајот на годината ќе ја добие првата Стратегија за управување со јавните финансии …