недела , 22 октомври 2017
denari

Просечната нето плата во јуни 22.025 денари

denari-paricnik-548x320
Просечната исплатена нето плата по вработен во Македонија во јуни годинава изнесувала 22.025 денари и е за 3,7 отсто поголема од јуни лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Порастото се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата во секторите – Уметност, забава и рекреација (23.6%), Други услужни дејности (11.5%) и Рударство и вадење на камен (8.6%).

Намалување на нето платата, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите – Стручни, научни и технички дејности (7.0%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (7.0%) и Дејности во врска со недвижен имот (5.0%).

Во јуни годинава, плата не примиле 1.9% од вработените во Република Македонија.

Слични написи

moneti

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на …