петок , 22 септември 2017
kljusevProekt

„Прошетка низ уметноста“, проект посветен на Никола Кљусев

kljusevProekt
Одбележување на раѓањето на првиот премиер на независна Македонија Никола Кљусев и истакнување на неговата уметничка дарба има за цел проектот „Прошетка низ уметноста“, што го организира Фондацијата „Никола Кљусев“.

Директорката на фондацијата „Никола Кљусев“ Маргарита Неновска информира дека проектот го почнуваат годинава и имаат намера да го организираат и во иднина, повеќе пати во годината.

– Го чествуваме денот на раѓањето на Никола Кљусев. Сакаме преку името на проектот „Прошетка низ уметноста“ да го истакнеме она што малкумина го знаат, а тоа е неговата уметничка надареност. Последните години од неговиот живот тој ги посвети да напише осум збирки поезија, еден роман и една поема. Обожаваше класична музика, особено оперите кои и сам уживаше да ги пее, рече Неновска.

Таа посочи дека во рамки на настанот планираат да продолжат низ плоштадот до улицата „Никола Кљусев“, со групата „Серенада“ кои ќе пеат староградски македонски песни.

– Целта е да прошетаме низ градот за да можеме да ги поттикнеме и другите случајни минувачи да ни се придружат и да другарувме низ песна, музика, поезија. Исто така и странците да ја чујат македонската музика, рече Неновска.

Од догодина, како што рече, ќе организираме други тематски содржини, како Денот на пролетта или други настани посветени на наши поети, познати или помалку познати, како и ликовни и музички содржини.

– Фонадцијата постои со намера да се анимира ликот и делото на „Никола Кљусев“. Тој остана запаметен како политичар, а беше економист. Целта на фондацијата е да се стимулираат и поттикнуваат младите на култура, уметност, другарување, пишување…, рече Неновска.

На настанот присуствуваа почитувачи на делото на Кљусев, писатели, поети, уметникот Живко Поповски-Цветин, ученици… Оперската певица Серафина Фантаузо ги отпеа Соле мио и Санта Лучија, а се читаа и поетските творби на Кљусев.

Ангела Неновска Крстевска, проект-менаџер во фондацијата информира дека работат проекти од секоја област, а таа е вклучена главно во проектите за малдите. Досега работеле повеќе обуки за средношколците од Скопје, како обука за човековите права во образованието, проект против говорот на омраза, креативни работилници кои ќе им овозможат на млаадите и невработени да почнат свој за бизнис…

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …