понеделник , 21 август 2017
protest oh

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред полицијата во Охрид

Стотина членови на ВМРО-ДПМНЕ на пладне со протест пред полициската станица во Охрид со цел да го искажат револтот што биле повикани на разговор од Специјалното јавно обвинителство.

Тие велат дека не го признаваат СЈО и дека со тоа што биле повикани се потврдувало дека обвинителството работело за СДСМ.

Членови на партијата наведуваат дека во поканите кои СЈО ги има испратено до нив пишува дека е оформен предмет за донациите во ВМРО-ДПМНЕ, поради што треба да дадат изјава, а доколку тоа не го направат ќе бидат приведени со полициска придружба,а трошоците ќе бидат на нивен товар.

ВМРО-ДПМНЕ од партија која бележеше минус на сметката, за неколку години стана најбогатата партија во Европа. Само уредувањето на партиското седиште чини неколку милиони евра. Членови на партијата и на минатите избори јавно изјавија дека никогаш не донирале пари за ВМРО-ДПМНЕ, а ги има на списокот на донатори.

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …