понеделник , 23 октомври 2017
konj protest

Протест во недела: „Полиција да нè штити нас, а не криминалците! Да се спаси живиот коњ“

konj protest
Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ повикува на протест во недела во 12 часот пред полициската станица во Ѓорче Петров насловен како „Полиција да нè штити нас, а не криминалците! ДА СЕ СПАСИ ЖИВИОТ КОЊ“.

Повикот за протест е објавен на Фејсбук и истиот ви го пренесуваме во продолжение:

1. Полиција заштити садист, деликвент кои со денови измачувал коњ, го изгладнувал, чекал да умре во дворот на OУ “Димитaр Пoп Геoргиев Берoвски” вo нaселбa Ѓoрче Петрoв, со цел да со него нахрани кучиња чувани за борби, во дворот на училиштето.

2. Полицијата не го спречи деликвентот да го однесе повредениот, изнемоштен, преплашен коњ, иако ние обезбедивме ветеринар, превоз и понудивме згрижување на животното – напротив, полицијата уште го советуваше да го изнесе од училишен двор, за да не добие можност за пријава и казна. Полицајците беа збунети и телефоните им звонеа десетина пати во една минута. Веруваме дека добивале инструкции како да постапат.

3. Коњот заврши кај монструм и силеџија, иако ние сакавме и можевме да го спасиме, иако и наш адвокат им предочи на полицајците дека лично сведочат на кривично дело мачење на животните, извршено од лице кое чува кучиња за борби, што е уште едно кривично дело. За двете дела согласно Кривичниот закон на РМ се предвидени и казни затвор.

4. Полицијата не ги спречи силеџиите да искажуваат вербално насилство и се закануваат со тупаници на активистите и само молчеа без да за тоа направат записник.

5. Полицијата ги евидентираше активистите, ги фотографираше и нив и нивното возило, што непосредно го толкуваме како обид за притисок. За насилникот кој го мачеше и уби коњот, кој во моментов поседува уште еден коњ кој што треба да заврши како храна на неговите кучиња спремани за борби, не направи ниту записник.

6. Новинарката Ј. Ивановска-Јоци која дојде на самото место за да му помогне на животното и која пишуваше за коњот, преку посредници од џганот деликвенти доби закани по живот.

7. Деликвентот кој има и име и презиме, заедно со своја багра насилници вчера вечер повторно го донесе коњот, овој пат мртов, со врзани екстремитети , мачен и убиен. Полицијата, иако дојде, не постапи во рамките на своите овластувања.

8. Вториот коњ е се уште кај насилникот и прашање е на сати кога ќе биде убиен како и првиот коњ.
Криминалци, насилници, џган се штити во Македонија, наместо хуманоста – Македонија е последниот круг од пеколот за животните!

БАРАМЕ полицијата, Агенција за храна и ветеринарство, општина Ѓорче Петров итно да интервенираат, да ни биде предаден живиот коњ, кучињата врз кои се изживува и кои ги држи за борби, а насилникот да биде зад решетки. Бараме казна за полицајците кои не постапиле соодветно и иако можеле и не го спасиле сега веќе мртвото животно. Бараме недвосмислена заштита на активистите за заштита на животни и новинарката Ј.Ивановска – Јоци, кои беа изложени на притисок пред очите на оние кои се платени да ја гарантираат нивната психо физичка безбедност и интегритет.

Бараме ваквите случки никогаш да не се повторат, а злоставувањето на животните да се третира како сериозен криминален акт и нарушување на безбедноста на сите, и луѓето и животните!

ДОЈДЕТЕ во недела, 12 часот пред полициската станица Ѓорче Петров – ВО СВОЕ ИМЕ И ВО ИМЕ НА ЖИВОТНИТЕ!

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …