вторник , 26 септември 2017
joint

Протест “ЗА ЛИЧНАТА СЛОБОДА”, (слободно и легално пушам канабис)

joint
Иницијативата влага токму во сржта на прашањето за личната слобода и од нас зависи дали ќе ја заслужиме истата. Мене не ми се чекаат 10 -20 години, за да јас слободно и легално си пушам канабис.
Се додека не не видат собрани на еден куп како бројка – ќе бидеме маргинализирани по сите основи.
Да не должам многу, само да ги повикам сите организации и обични граѓани, кои ја прифаќаат и признаваат канабис културата на живеење, да излезат на 11 октомври и да направиме протест.
Во Скопје тешко да ќе може сите да се собереме, но сите можат да отидат до својот регионален центар и да направиме еден фрагментиран протест.

Во Скопје пред републичко собрание, а во регионалните центри пред гратските собранија.
Јас ќе излезам затоа што верувам во она што го правам веќе 21 година.
Најсрдечно ги повикувам Филип Достовски-Зелена Алтернатива, Кирил и Жарир-Канбис Клуб, Моника-420 Македонија, како едни од ретките кај нас што успеале да направат семинари, фестивали, а посебно го канам и Илија Џон Апелгрин, како вистински гласноговорник на иницијативата, да пробаме да ги поттикнеме сите што учествуваа во изминатите евенти да дојдат повторно и да поведат со себе уште некој што сака да дознае за масовната параноја што му се случува на голем број од нашите граѓани, кои решиле да пушат чај.
11 Oктомври ќе биде совршен ден за канабис “востание”.

Од Фејсбук профилот на Зоран Велковски

Слични написи

blokator

Блокатори за мобилни телефони во Идризово

Блокатори за мобилни телефони се поставуваат во истражниот затвор во Шуто Оризари кога од фејсбук-профилот …