четврток , 29 јуни 2017
zatvor za predavnicite

Протести пред Суд, поддршка за тепачите на пратениците

Додека во Судот почнува рочиштето за нападот во Собранието на 27. април, пред зградата протестираат триесетина поддржувачи на оние кои тепаа пратеници.

На себе носат маици со натписи „Слобода за Жабата“ и „Македонија на Македонците“, а носат и транспаренти на кои пишува „Верував во се, но не дека моите ќе ми судат за Македонија“ и „Слобода за патриотите, затвор за предавниците на Македонија“.

Демонстрантите пред почетокот на судењето побараа од медиумите да не бидат снимани, а кога им беше објаснето зошто ќе бидат забележани од камерите, тие рекоа никој да не се повикува на Закони.

Слични написи

sjo novi

Утре прес на СЈО

Утре во 12 часот Специјалното јавно обвинителство ќе одржи прес – конференција. Во најавата за …