недела , 20 август 2017
NOV-kolaz-FB-cover-1

ПРВ МЕЃУНАРОДЕН САМИТ ЗА ФОТО И ВИДЕО ВО МАКЕДОНИЈА

Преку Првиот меѓународен самит за фотографија и видеографија, Македонија конечно ќе се појави на мапата на светски реномирани случувања во светот на овие дигитални уметности и бизниси.

Од 11 до 13 април 2017 година во хотелот Дрим во Струга, “Ангеловски Фтографија” од Македонија и “Грег Момент Фотографија” од Полска ќе бидат организатори и домаќини на тридневен едукативен и изложбен настан посветен на свадбена и портрет фотографија, а збогатен со содржини од областите на видео продукција, како и  модната, уличната и новинарската фотографија.

Во рамки на триденевниот Самит, учесниците ќе имаат можност да следат предавања и работилници од врвни, меѓународно признати и докажани професионалци, практичари и теоретичари. Своите совети, искуства и пристапи ќе ги споделат Грег Момент (Полска) и Дејвид Бренот (Франција) во делот на свадбена фотографија, Димитри Усанин (Русија) во делот на свадбена и семејна фотографија, Серџо Дуарте (Португалија) и Бојан Митковски (Македонија) во делот на кинематографијата, Роџер Тан (Малезија) во делот на свадбена и портрет фотографија, Ани и Дими (Македонија) во делот на портрет и модна фотографија, Томислав Георгиев (Македонија) во делот на улична фотографија и Роберт Атанасовски (Македонија) во делот на новинарска фотоографија. Turkish Airlines е официјалниот и главниот превозник на нашите говорници.

За да биде повозбудливо, иновативно и креативно, во рамки на тридневната агенда, на учесниците ќе им бидат презентирани најновите технолошки и дигитални производи и достигнувања, претставени од компаниите и партнерите кои ја помагаат реализацијата на Самитот: Pix+, I-Style, Wacom, Nikon, Canon,Sony, Sigma, Smart Solution, Inter Foto, Polyesterday.

Ова инспиративно дружење ќе заврши со натпревар по фотографија на кој учесниците ќе можат да ги пријават и изложат своите фотографии кои ќе бидат оценувани од стручно жири, составено од говорниците и презентерите на овој Прв меѓународен самит за фотографија и видеографија  во Македонија.

Влезниците за учество се веќе во продажба по промотивна, пониска цена која ќе биде достапна до 20ти март.

“Ангеловски Фотографија” и “Грег Момент Фотографија” ги повикуваат сите професионални, полупрофесионалци, аматери и почетници, фотографи и видеографи од Македонија и регионот да бидат дел од овој незаборавен настан и помогнете да прерасне во традиционална платформа за вмрежување и споделување знаења, техники и искуства.

 

ФБ евент: https://www.facebook.com/events/1417796461588457/

Веб страна: http://www.photovideosummit.com/mk/index.html

Слични написи

Hristijan-Kostov

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони …