петок , 22 септември 2017
struga

Прва регионална конференција Енв.нет

Денес и утре во Струга се одржува првата Енв.нет регионална конференција, на која „Нова Македонија“ како општествено одговорна организација што води посебна грижа за животната средина, е поканета да учествува во расправата.
Станува збор за конференција на која се расправа за предизвиците во животната средина, поголемо учество на јавноста како и улогата на медиумите во решавањето на прашањето со животната средина.

Проектот на тема „Развој на Енв.нет во Западен Балкан и Турција: давајќи им на граѓаните можност да влијаат врз реформите во животната средина за подобра европска интеграција“, започна на први декември 2012 година и ќе трае крајот на годинава.
Целта на проектот е да се постигне поголема посветеност и капацитет на партнерите што го поддржуваат истиот тој, да им овозможат на граѓаните поголемо влијание како и подобрување на процесот на реформите на јавниот сектор за животната средина преку анализи, мониторинг и поддршка. Стратегијата на овој проект е зголемување на улогата на Енв.нет на национално и на регионално ниво, анализа и мониторинг на процесот на спроведување на реформите и конечно, интеграција со легислативата на ЕУ.

Очекувањата по завршувањето на конференцијата се зголемување на свесноста кај медиумите за важноста во полето на набљудување и известување околу прашањата за животната средина.

Слични написи

шамија

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му …