вторник , 24 октомври 2017
prvanov

Прванов: Да ѝ помогнеме на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО

Потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е добар прв чекор кон подобрување на односите меѓу двете земји, изјави поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов. Тој дополни дека треба да ѝ се помогне на Македонија да влезе во ЕУ и НАТО поради стабилност на земјата и регионот, но дека е еднакво важно и Бугарија да ги реши сопствените проблеми со Македонија околу прашањето за заедничката историја.

– Имаме поволна атмосфера, каква што може да не се повтори во следните 20 години. Затоа треба да се движиме кон потпишување на договорот. Скептик сум дали договорот ќе го реши проблемот, но што и да е, и да не носи квалитет во споредба со декларацијата од 1999 година, договорот е навистина неопходен и треба да биде потпишан. Прашањето е друго, ние нема да го решиме проблемот со еден договор, нема да ги намалиме тензиите. Ни требаат години, децении работа. Ни треба јавен политички консензус, друга медиумска средина. Тоа се создава со многу контакти и со многу дијалог, изјави Прванов.

Според Прванов, основен проблем за Бугарија, кој треба да се реши во односите со Македонија, е заедничката историја. Како пример го посочи датумот на потпишувањето на договорот 2 август, кога, како што вели, почнало Илинденско-преображенското востание. Според него, името на востанието значи дека се изедначува востанието во Тракија и Македонија, поради што е неопходен внимателен пристап на темата.

– Критериумот е во тоа што сме имале една национална самосвест, единствени национални цели и задачи. Тоа го објаснува националната борба, Илинденското востание, многу настани во нашата заедничка историја. Тоа не знам дали ќе го прифатат во Скопје. Таму има друга тенденција, изјави Прванов.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …