вторник , 26 септември 2017
begalciItalija-540x320

Првата група бегалци од Италија префрлени во Шведска

begalciItalija-540x320Група од 20 Еритрејци, ја напуштија денеска Италија, за да почнат нов живот во Шведска, што е првиот случај на префрлање на бегалците од една земја-членка на ЕУ во друга, според новиот план на Унијата за прераспределба на бегалците.

Според планот, во сите членки на ЕУ треба да се прераспределат околу 120.000 лица, кои сега престојуваат во Италија и Грција.

Планот за раселување на бегалците од овие две земји, беше договорен минатиот месец.

Дваесетмината млади бегалци од Еритреја, беа префрлени во Шведска со специјален авион на италијанската полиција.

Италија и Грција се најпогодени со бегалската криза и напливот на бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Африка и Азија.

Само во еден ден, оваа недела, околу две илјади лица, дојдоа до бреговите на Италија преминувајќи го Медитеранот.

Европските министри за внатрешни работи, се договорија вчера околу забрзаната депортација на сите кои не добиле или нема да добијат азил. Министрите се заложија и за зголемување на ефикасноста во процесот на реадмисија со земјите, кои не се дел од Европската Унија.

Германија и Австрија одлучија да испратат свои екипи во Грција и Италија за да им помагаат на тамошните имиграциски власти, околу регистрирањето и разместувањето на бегалците и депортацијата на оние кои не ќе може да останат во ЕУ.

Засега, азил им се дава на бегалците од Сирија, Ирак и Еритреја, додека дојденците од другите земји од Азија и Африка се третираат како економски мигранти.

Минатата година, во сите 28 земји од ЕУ имало 500.000 илегални имигранти, кои сега ќе треба да се враќаат во земјите од каде потекнуваат, но само 40 отсто од нив досега се определени за депортација.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …