вторник , 24 октомври 2017
romi pcer

ПЦЕР бара Иванов да се притвори

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) најостро ја осудива вчерашната одлука на, како што вели, таканаречениот претседател да не го даде мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Во член 90 од Уставот на Македонија, јасно и децидно стои дека кој има мнозинство во парламентот треба да го добие мандатот. Во овој случај мнозинство има СДСМ и тука нема дилема и тука завршуваат сите негови ингеренции. Ваквото негово образложение е спротивно на Уставот на Македонија, според нашата партија претседателот направи државен удар и веднаш треба да се притвори. Во една правна држава ова веднаш би се применило. Не може претседател да презема и да донесува одлуки надвор од своите ингеренции. Веднаш по притворањето треба да се установи кои се причините за донесување на одлуките надвор од Уставот на Македонија“, се наведува во реакцијата на ПЦЕР.

Слични написи

2-ALIMS-13ti-simpozium-2017-1024x986

Бекировски учествуваше на симпозиум во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Србија

Стручниот тим на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), учествуваше на 13-тиот симпозиум во организација …