петок , 22 септември 2017
putinstol

Путин го обезбедуваат 10.000 луѓе

putinstolИако на шефот на Кремљ секојдневно му пристигнуваат закани дека му се подготвува атентат, покрај него не може ниту мува да прелета. Во некои моменти изгледа како да оди сам, но секогаш го следат барем стотина пара очи, наведуваат луѓе блиски до рускиот престедател.

Владимир Путин се смета дека е еден од најзаштитените луѓе на светот, а во каква тајност работат тие што се грижат за неговиот живот зборува фактот дека никогаш нема нивен точен ниту план на движење на претседателот.

Се претпоставува дека за животот на лидерот на Русија секоја секунда се грижат најмалку 10.000 луѓе, и со оглед на тоа Москва не е воопшто загрижена за секојдневните закани, се наведува во медиумите.
putin-rolling
Помеѓу тие што се грижат за животот на Путин се високотренирани командоси, за кои нити нивните семејства не знаат што работат, околу стотина агенти, лично обезбедување, личности со специјални задачи, како кувари и дегустатори на храна. Повеќето од тие луѓе не се воопшто видливи дури и кога Путин оди во официјална посета на некоја земја, затоа што многумина од нив одат на пат неколку месеци порано да го испитаат теренот.

Потоа, агенти на Федералната служба за безбедност (поранешна КГБ) организам од околу 200.000 членови, прават анализи и одредуваат план за движење на претседателот кога не е во резиденцијата.

-Понекогаш изгледа дека Путин опуштено шета сам, меѓутоа вистината е дека го следат неколку стотини очи. Изгледот на неговото лично обезбедување е строго пропишан. Мораат да бидат барем 20 сантиметри повисоки од него, но истовремено да не бидат воочливи. Може да бидат и трговци, тврди еден руски новинар.

На чело на Путиновата Федерална служба за безбедност веќе 14 години се наоѓа генералот Виктор Золотов, човек кој никој во Русија не би можел да го препознае на улица, иако на најважните случувања е секогаш до Путин. Тој е човек од сенка. Го запознал Путин во деведесеттите години, и откако му вил спарин партнер во бокс и џудо, за брзо време му станал и шеф на обезбедувањето.

Вести од истата категорија

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …