вторник , 26 септември 2017
merkelputin-razgovor-620x320

Путин, Меркел и Оланд: Минскиот договор за Украина нема алтернатива

Сите лидери на т.н. Нормандиска четворка ја потврдија приврзаноста кон Минскиот договор за решавање на конфлитот во источна Украина, изјави рано изутринава рускиот претседател Владимир Путин, по завршувањето на средбата на четворцата лидери.

Неговата средба со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и украинскиот претседател Петро Порошенки траеѓе пет часа и завршија по полноќ.

Путин истакна дека било договорено Набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да биде проширена во конфликтните зони и во пунктовите за чување на тешко вооружување.

– Одделивме многу време по прашањето за безбедноста и се договоривме за повеќе пунктови, што треба да биде завршено во најблиско време со оглед на натамошното решавање на прашањата поврзани со разделувањето на завојуваните страни, истакна тој.

Путин изрази жалење поради тоа што решавањето на хуманитарните проблеми во југоисточна Украина е практично блокирано и нема никаков напредок.

Според Меркел, на средбата била изготвена варијанта за патокази, иако со голем број неусогласени ставови.

Таа работа според неа треба да заврши за околу еден месец. Меркел изјави на прес-конференција дека на средбата била постигната и согласност за пристап на набљудувачите на ОБСЕ до границата на Украина со Русија и за нивно слободно движење дотаму.

Според неа, темата за полициската мисија на ОБСЕ во Донбас, за која пред неа говореше Порошенко, не била актуелна на средбата во Берлин.

– Главното нешто засега е да се подготви законот за изборите. Кога ќе биде готов тој закон, кога ќе биде утврден работниот процес, тогаш ќе може да се говори за мисијата на ОБСЕ, која ќе може да биде вооружена. Но, денеска тоа прашање немаше толкава итност. Најпрво е потребен закон за изборите, додаде Меркел.

На прес-конференцијата говореше и Оланд, кој исто така акцент стави на итната подготовка на изборите во Донбас.

– Тоа ќе биде основната задача на нашите министри во блиски денови, изјави тој, изнесувајќи ги основните точки во патоказот за реализирање на Минските спогодби.

Тој појасни дека во сферата на безбедноста следен чекор е итно контролирање и целосно зачувување на прекинот на огнот, на повлекување на оружјето, а исто така да се определи кои делови од украинската територија се уште имаат потешкотии за исполнување на тие одлуки.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …