недела , 22 октомври 2017
putinstol

Путин: Односите со САД се деградирани, но не по наша вина

Руско-американските односи во последно време се значително деградирани, но за тоа Русија нема вина, изјави рускиот претседател Владимир Путин на меѓународниот форум „Примаковите читања“.

Путин истакна дека за време на неодамнешниот телефонски разговор, тој и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп се согласиле дека „состојбата на руско-американските односи е незадоволителна и дека несомнено треба да се поправи“, пренесува Танјуг.

– Нашата земја е подготвена да оди по тој пат. Сега, откако заврши предизборната кампања во САД и кога во Белата куќа ќе дојде новиот претседател, би сакал да верувам дека ќе се јави шанса за воспоставување на односи кои се важни, не само за народите на двете земји, туку и за обезбедување на меѓународна стабилност и безбедност, наведе Путин.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …