вторник , 26 септември 2017
putinprst-540x320

Путин повика за подобрување на заемната соработка меѓу тајните служби од различни држави

putinprst-540x320Терористичката дејност на Блискиот исток и Северна Африка се засилува, што налага да се подобри заемната соработка меѓу тајните служби од различни држави.

Тоа се наведува во порака на рускиот претседател Владимир Путин до учесниците на состанокот што започна денеска во Моксва на шефови на безбедносни служби и разузнавачи од Заедницата на независни држави (ЗНД), прочитана од директорот на руската Федерална служба за безбедност Александар Бортников, јави ТАСС.

– Геополитичката ситуација, која се формира во светот, ја диктира потребата да бараме нови ефикасни начини да реагираме на денешните предизвици и закани, наведува рускиот лидер.

Тој го истакнува „спојувањето на радикалните групи со транснационалниот организиран криминал“, како една од особено опасните тенденции на денешницата и изразува сериозна загриженост од ситуацијата на Блискиот Исток и Северна Африка.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …