сабота , 23 септември 2017
putin-pod-oko1-640x320

Путин: Руските војници постигнаа импресивни резултати во Сирија

putin-pod-oko1-640x320Руските војници постигнаа импресивни резултати во Сирија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на седница на Советот на шефови на држави од Заедницата на независни држави (ЗНД) во Казахстан, пренесува ТАСС.

– Дејствувајќи по воздух и море врз однапред договорени со Сиријците цели, нашите војници постигнаа импресивни резултати. Уништени се десетици командни пунктови и складишта со оружје, стотици терористи и големо количество на воена опрема, истакна рускиот претседател.

Путин го нагласи напредокот во координирањето на дејствијата за борба против ИД во Сирија и на воспоставувањето контакти со земјите од Блискиот Исток, додавајќи дека Русија секогаш повикува на што е можно поголема коалиција за борба против екстремистите и терористите.

– Преговараме со Саудиска Арабија, ОАЕ, со Египет, Јордан, Израел и други земји, се обидуваме да постигнеме соработка со САД и Турција, изјави Путин.

Според разни проценки во редовите на ИД војуваат меѓу 5.000 и 7.000 граѓани на Русија и други земји од ЗНД. – Не можеме да дозволиме тие луѓе да го искористат сириското искуство дома, истакна Путин.

Рускиот претседател повика да се обезбеди гарантирана ефективна работа на Антитерористичкиот центар на ЗНД, да продолжи усогласувањето на работата на специјалните тајни служби и да се изврши постојана размена на информации.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …