недела , 24 септември 2017
putina-540x320

Путин: САД ја критикуваат Русија заради Сирија, а одбиваат дијалог

putina-540x320Одлуката на официјален Вашингтон да ги попречи руските напори за дипломатско ангажирање во сирискиот проблем не е конструктивна и укажува на недостаток од волја за разговор, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Путин, на ваков начин, го искоментира тоа што администрацијата на американскиот претседател Барак Обама го отфрли предлогот да ја прими руската делегација на чело со премиерот Дмитриј Медведев на разговори за разликите кои САД и Русија ги имаат за прашањето на сириската криза, пренесе сајтот „Раша тудеј“.

-Верувам дека таквата позиција не е конструктивна. Слабоста на оваа позиција е во тоа што таа се темели на одсуство на план. Се чини дека тие немаат за што да разговараат, рече Путин во текот на средбата со претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, во Астана.

Путин во вторникот изјави дека Русија предложи во Москва да се оддржи состанок за Сирија на високо воено и политичко ниво, како и во Вашингтон да упати делегација на чие чело може да биде Медведев. Путин тогаш кажа дека од САД се уште нема одговор.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, вчера изјави дека САД одбиле да испратат висока воена делегација во Москва на разговари за посериозна координација на борбата во Сирија.

Лавров рече дека предлогот го изнел рускиот претседател Владимир Путин во текот на посетата на Њујорк, кон  крајот на септември.

Официјален  Вашингтон соошти дека нема да преговара доколку Русија не престане да ја поддржува Владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Слични написи

hakerski napadi

Хакерски упад во безбедносниот софтвер CCleaner зарази 2 милиони компјутери

Повеќе од 2 милиони луѓе кои го спуштиле безбедносниот софтвер CCleaner ги заразиле своите компјутери …