понеделник , 23 октомври 2017
putina-540x320

Путин: Западот сака да не научи на демократија, а забраните не се начин

По повод усвојувањето на Резолуцијата на Европски парламент за спротивставување на антиевропската кампања на руските и исламистичките медиуми, рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази надеж дека нема да биде воведена цензура во Европска унија.

– Сметам дека ќе победи здравиот разум и нема да има никакви реални ограничувања кога станува збор за руските медиуми, посочи Путин, кој им честита на новинарите на Спутник и на РТ на ефикасната работа.

Тој додаде дека Западот цело време се обидува да ја научи Русија што е демократија, медиуми, забрани, а самиот не е добар пример за тоа.

Спутник апелираше да не се дозволи воведување на државна цензура и оцени дека Резолуцијата на ЕУ претставува директно кршење на човековите права и слободи на медиумите.

Спутник апелира до меѓународните организации, како ОН, УНЕСКО, ОБСЕ и Репортери без граници, како и другите здруженија во ЕУ, да покажат солдарност и да се заложат против „невидена дискриминација и да застанат во заштита на вредностите на демократијата“.

ЕП денеска усвои Резолуција за спротивставување на антиевропската кампања во руските и исламистичките медиуми.

Слични написи

zagreb

Загреб: Извикувал „Зиг хајл“ и напаѓал луѓе со солзавец

Во центарот на Загреб се случи инцидент во кој полесно е повредено едно лице, јавуваат …